Monday, January 7, 2013

Исти-Тони Зен

Исти- Тони Зен

Рефрен 2х:
Сите сме ситни микроoрганизми
некој се со лоши некој само добри мисли 
Верувај во себе боите не се битни
Црни, жолти црвени сите сме исти

Погледни се во огледало и кажи ми што гледаш
Ќе сфатиш сите исти сме од почеток до сега
Некој седи само чека, некој работи понекад
Некој движи многу брзо, некој оди попослека
Сите сме свои богови на некого сме робови
трошиме пари готови направени од снобови
затворени во систем кој не удира surround
елитата е горе борците се underground
христијани, муслимани, атеисти и будисти,
евреи, комунисти, демократи, терористи,
политичари, музичари, уметници, спортисти,
поврзани во мрежа која спојува со мисли
Па потсетете се кога бевме само дивјаци 
со крици и мимики без имиња и надимаци
одвоени одтогаш ние, вие, јас и ти
постојано сме во војна а копнееме за мир. 

Рефрен 2х:
Сите сме ситни микроoрганизми
некој се со добри некој само лоши мисли 
Верувај во себе боите не се битни
Црни, жолти црвени сите сме исти

Ние сме поделени на групи одвоени со селекција
создадени без причина по некоја инерција
и многу пред нас топката почна да се врти,
играта е вечна ама никој не се бесмртни
една шака пер прсти, две заедно десер,
дигни ги у вис и мавтај му на цел свет
и некој ќе те види, примети и поздрави,
за универзумот сме сите исти и познати
ја би те прашал дозна ли, кој не создаде и движи,
вистината е пред нас тука, но секој мижи
без грижи, замисли ги сите луѓе мирни
и животните знаат дека за се ние сме криви
горе види, никој не те чека да те прими
оставени сами со себе со исти особини,
сите сме само мал момент од оваа планета,
па вака или така, кога тогаш ќе не снема

Рефрен 2х:
Сите сме ситни микроoрганизми
некој се со добри некој само лоши мисли 
Верувај во себе боите не се битни
Црни, жолти црвени сите сме исти

No comments:

Post a Comment